Трговскиот ланец IKEA ги повика потрошувачите кои купиле одредени типови LED лампи да престанат да ги користат поради ризик од електричен удар.
Како што објаснија од IKEA, компанијата ги повлекува од продажба LED ланците и лампите за надворешна употреба поради неускладен приклучок. Повлечените производи припаѓаат на сериите: „Ledljus“, „Sommarlanke“, „Strala“, „Svartra“ и „Utsund“.
IKEA апелира до сите купувачи кои ги поседуваат овие LED ланци и лампи да престанат веднаш да ги користат и да се обратат до компанијата IKEA.
„Поради производствена грешка, приклучокот на овие производи не ги исполнува безбедносните стандарди, што доведува до ризик од електричен удар. Производите со ваков приклучок може да се препознаат по името на LED напојувањето, ознаката на датумот на самото LED напојување и името на утичникот“, објаснија од IKEA.
Повлечени производи:
- LEDLJUS LED ланец со 24 светла, за надвор, црн
- LEDLJUS LED ланец со 64 светла, за надвор, црн
- SOMMARLÅNKE LED подна лампа 100 см, за надвор, беж
- SOMMARLÅNKE LED ланец со 12 светла, за надвор, разнобојно
- STRÅLA LED ланец со 24 светлеќи ѕвезди, за надвор, златен
- STRÅLA LED светлеќа завеса со 48 светла, за надвор
- SVARTRÅ LED ланец со 12 светла, за надвор, црн
- UTSUND LED ланец со 24 светла, за надвор, црн
Име на LED напојувањето: ICPSH24-2-IL-1
Ознаки на датумот на LED напојувањето ICPSH24-2-IL-1 (YYWW): 2138, 2141, 2148, 2209, 2215, 2224, 2231, 2236, 2320, 2326, 2332, 2336, 2347, 2409, 2413, 2421, 2423, 2424, 2426, 2434, 2437
Име на утичникот: SYK-02F
Што треба да направат купувачите?
Купувачите кои поседуваат некој од повлечените производи треба веднаш да престанат да го користат и да се обратат до IKEA за целосен поврат на парите.
IKEA ги повика купувачите да ја споделат оваа информација, особено ако знаат дека повлечениот производ бил подарок, позајмен или продаден.
Повлечените производи може да се вратат во било кој IKEA продажен објект за целосен поврат на парите. Документ за купувањето (фискална сметка) не е потребен.