И покрај повлекувањата, многу компании остануваат посветени на ЛГБТ заедницата за време на Месецот на гордоста

Неколку познати компании одлучија д го игнорираат или целосно да се откажат од поддршката за Pride и активностите поврзани со ЛГБТ заедницата, кои во минатото беа составен дел од нивниот јавен имиџ.

Трендот на корпоративна воздржаност од Pride иницијативи доаѓа во контекст на пошироко намалување на DEI напорите во американскиот приватен сектор оваа година.

Сепак, и покрај овие повлекувања, многу други компании продолжуваат да демонстрираат доследна поддршка и јасни вредности насочени кон инклузивност и еднаквост. Тие и понатаму го одбележуваат Месецот на гордоста со кампањи, донации, партнерства со ЛГБТ организации и интерни активности за поддршка на вработените.

Овие компании испраќаат силна порака дека поддршката за ЛГБТ заедницата не е сезонски маркетинг тренд, туку долгорочна заложба за права, видливост и еднаквост.

Месецот на гордоста традиционално се одбележува во јуни, во чест на бунтот во Стоунвол во 1969 година, и претставува можност за признавање на историјата, борбата и придонесот на ЛГБТ луѓето низ светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни