И легендарниот Еурокрем со поддршка за студентите во Србија

На интернет експлодираше веста дека компанијата „Swisslion“ ги поддржала студентските протести, така што познатиот „Euroblok“ стана „Studentski blok“, а сите средства од продажбата на овој производ се наменети за студентите.

Оваа информација, заедно со фотографии од новото чоколадо, ја пренесоа бројни медиуми и социјални мрежи. Сепак, на веб-страницата на самата компанија и на нејзините социјални профили, „Swisslion Takovo“, не може да се најде ни најмала најава за „Studentski blok“.

Овој производ е споменат на порталот SL уште на 16-ти декември. На порталот стои следниот опис: „Сите информации од градот на сонцето и Бизнис системот ‘Swisslion’! SL портал ви овозможува брзо да ги најдете сите потребни информации. Без разлика дали станува збор за производи, услуги или корисни ресурси – сè е тука!“

На истиот портал, средината на декември се појави вест под наслов „Да покажеме солидарност и хуманост, еден е Studentski blok“, со фотографија на амбалажата на познатото чоколадо на кое пишува „Studentski blok“. На пакувањето се наоѓа нацртана улица со точкести луѓе кои ги симболизираат студентските блокади.

Со фотографијата стои и краток текст: „Swisslion прехрамбена индустрија започна хуманитарна акција за студентите во Србија кои бараат општествени промени и се борат за својата иднина во Србија и Република Српска. Домашната индустрија на Србија има должност да поддржи и помогне ‘Studentski blok’. Од вас – домашната индустрија се очекува да учествува во оваа хуманитарна акција и заедно да го поддржиме ‘Studentski blok’“.

На социјалните мрежи се шири информацијата дека, покрај што е сменето името, „Studentski blok“ се продава по намалени цени, а за секое купено чокоалдо добивате уште едно бесплатно, така што цената на едо е само 34,5 динари.

Според порталот „Мој Нови Сад“, старите чоколади во новото пакување биле делени на Плоштад Слобода во Нови Сад за време на новогодишната ноќ.

Спственик на компанијата „Swisslion Takovo“ е Родолљуб Драшковиќ, брат на Вук Драшковиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни