ЈУ. Детски културен центар „Карпош“ од 27 мај до 3 јуни 2025 година ќе го организира и реализира Фестивалот на детската креативност „Трамболини“.
По шести пат фестивалот „Трамболини“ ќе се преточи во неисцрпен извор на креативност, кој преку едукативни и креативни работилници ќе ја развива креативноста, креативните вештини, фантазијата и љубопитноста кај децата со понудените разнолики работилници.
На фестивалот ќе учествуваат деца и млади на возраст од 7 до 17 години, каде ќе совладаат нови техники на креативно изразување на забавен и креативен начин. На овој фестивал децата ќе можат да уживаат во работилници за личен развој, изработка на моден детал од глина, работилница на турски јазик, ликовна изложба, изработка на креативна торбичка, работилница во Музејот на современа уметност насловена како „Временски патници“ и како за крај на фестивалот, публиката ќе има можност да го погледне детскиот мјузикл на македонски јазик „Аладин и духот од волшебната ламба“ во изведна на талентираните членови на Студиото за детски и младински мјзуикли Бродвеј Јуниор од Скопје,.
Работилниците се од различни области и ќе се реализираат на различни локации низ Град Скопје.
Фестивалот Трамболини е поддржан од Град Скопје, а како помагатели на овој фестивал се Виталиа која е верен наш поддржувач сите овие години со своите здрави производи и Маya вода која обезбедува разладување за сите учесници и посетители од постоењто на фестивалот.
Оваа 2025 година по шести пат на фестивалот за детска креативност Трамболини ќе гледаме насмеани, среќни и креативни детски лица кои ќе бидат побогати со знаење од областа на културата и уметноста.