Херојско куче спасило исчезнато дете: Двегодишно момче поминало 11 километри низ дивина со пуми

Во американската сојузна држава Аризона, двегодишно дете кое било пријавено за исчезнато, преживеало ноќ во дива и опасна шума и пешачело повеќе од 11 километри, пред да биде пронајдено живо и здраво – благодарение на куче по име Буфорд, пренесува Sky News.

Шерифот на округот Јавапај информира дека во понеделник навечер примиле дојава за исчезнато дете, по што започнала голема потрага со учество на десетици лица, полицајци и ренџери. Но, и покрај напорите, момчето не било пронајдено сè до утрото, кога еден локален фармер пријавил дека детето дошло на неговиот имот – заедно со куче.

Фармерот Скот Дантон раскажал:
„Се спремав да ја напуштам фармата кога го здогледав моето куче Буфорд како седи на влезот. Претходно чув дека исчезнало дете, и кога погледнав подобро, видов дека до него стои малечко момче.“

Буфорд е анатолско овчарско куче, познато како чувар на фармата. „Тој ги брка којотите, а децата ги обожава – не можам ни да замислам да го остави детето само“, додал фармерот.

Момчето било облечено само во прслук и долен дел од пижами, а подоцна му раскажало дека „преноќило под дрво“. За време на ноќната потрага, ренџерски хеликоптер забележал две пуми во реонот низ кој минувало детето. Станува збор за област каде што често се среќаваат пуми, којоти и понекогаш мечки.

Благодарение на инстинктот и верноста на кучето Буфорд, оваа приказна доби среќен крај.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни