Deborah De Luca – Кралицата на Неапол и икона на техно звукот, ќе настапи на главната Fire Stage во четврток, 7 август. Со својот уникатен спој на хард техно, минимал и мелодични пејзажи, Deborah ќе донесе експлозивна енергија на фестивалот. Оснивачка на етикетата Sola_mente Records, таа веќе остави неизбришлив траг во светската музичка сцена.
Anfisa Letyago, прогласена за најдобра диџејка во Италија според Billboard Women in Music, пристигнува со свеж и динамичен звук, спојувајќи електронски поп, транс и своја уникатна уметничка визија. Нејзиниот настап исто така ќе го гледаме на Fire Stage, во четврток, 7 август.
Rebekah, кралицата на хард техното, ќе настапи на Absolut RAW Stage во сабота, 9 август. Со повеќе од деценија искуство и силна посветеност на правата на жените во музиката, Rebekah е симбол на автентичност и брутална енергија.
На Fire Stage во петок, 8 август, ќе настапи и ALISHA, една од најсветлите ѕвезди на британската house сцена. Поддржана од имиња како Jamie Jones и Annie Mac, ALISHA носи длабоки бас линии и groove естетика која ја прави омилена на најголемите фестивали во светот.
Покрај меѓународните имиња, домашната сцена ќе биде претставена од низа талентирани артистки:
На Absolut RAW Stage ќе настапат: Satan Semberski, RIN, Saritazz, Asarri Mamavitae, Aneri, MicyVid, IVV.LMTD и Juno
На Beefeater H2O Stage ќе ги слушнеме: Dee, Milensi, Rossu, Meli, Bebé, Solencee и Kacansky
92% од влезниците се веќе распродадени!
Остануваат уште само 3 дена до финалното поскапување, па организаторите советуваат сите љубители на музиката да си обезбедат карта навреме. Во продажба се помалку од 1100 дневни и тридневни пакети за Regular, VIP и Stage зони, достапни преку официјалниот сајт: www.lovefest.rs