Хард техно и мрачна енергија го освојовуаат Југот: CORE РЕЈВ доаѓа во НИШ

Подготвени за ноќ што ја брише границата меѓу светлината и мракот, реалноста и екстазата? На 23 август, Ниш станува новиот епицентар на балканскиот андерграунд звук – благодарение на CORE, еден од најочекуваните техно настани годинава!

Со два stage-а, секој со свој уникатен визуелен идентитет и бескомпромисен звучен напад, CORE ќе го претстави најдоброто од домашната и регионалната сцена. Очекуваат 11 селектирани артисти – имиња кои го тресат бетон од Белград до Берлин. Настанот е ритуал за љубителите на индастријал техно, хипнотички грувови, acid влијанија и old-school rave експлозии.

CORE не е само забава – тоа е заедница, движење и пулсот на урбаниот отпор. Настанот ги собира сите кои го живеат звукот, сите кои знаат дека вистинската магија се случува по полноќ – во чад, светла и сурови бранови од бас.

Влезниците се веќе пуштени – најди ги преку платформата OnlyClubbing. Ако си дел од сцената – знаеш каде треба да бидеш. Ако не – време е да се приклучиш.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни