Хаос на улиците на Букурешт: Десничарите се судрија со полицијата, превртуваа автомобили и палеа контејнери

„Некои од демонстрантите пред седиштето на Централното изборно биро (ЦИБ) фрлале тапи предмети врз полицијата, а за време на пресметката, полесно е повреден еден од припадниците на полицијата“, соопштија од полициската станица на Букурешт.

По одлуката на романската изборна комисија да ја забрани кандидатурата на десничарскиот политичар Калин Ѓорѓеску за претседател, на улиците на Букурешт беа организирани масовни демонстрации кои брзо прераснаа во хаос.

Откако демонстрантите го дознаа решението на изборната комисија, се собраа пред седиштето на комисијата, каде што ги срушија оградите, а потоа следувала и пресметка со полицијата, пренесува Klix. Ситуацијата ескалирала и во стариот дел на Букурешт, каде што демонстрантите фрлаа камења, петарди и шишиња кон полицијата и ги палеа контејнерите за отпад.


„Некои од демонстрантите пред седиштето на Централното изборно биро (ЦИБ) фрлале тапи предмети врз полицијата, а за време на пресметката, полесно е повреден еден од припадниците на полицијата“, соопштија од полициската станица на Букурешт.

Во врска со забраната за кандидатура, се огласи и самиот Ѓорѓеску, кој изјави дека оваа одлука е директен удар врз срцето на светската демократија.

„Имам уште една порака. Ако падне демократијата во Романија, ќе падне и целиот демократски свет. Ова е само почеток. Европа сега е диктатура, а Романија е под тиранија“, порача тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни