Хакатон 2025 ги повикува студентите да ги покажат своите способности и креативност

Хакатон 2025 е дводневен натпревар каде студентите ќе може да ја покажат својата креативност и технички способности преку работење на проекти и решавање на проблеми.

Овогодишниот Хакатон ќе се одржи на 22 и 23 февруари во организација на БЕСТ Скопје, а студентите ќе решаваат проблеми од сферите на веб развивање, програмирање, вештачка интелигенција, PR и маркетинг, дизајн и слично.

Настанот ќе се одржи во просториите на Startup Club Skopje, а пријавувањето е отворено до 6 февруари на https://hackathon25.best.org.mk.

Натпреварувачите ќе работат на вистински проблем зададен од партнерот на овој Хакатон, Startup Club Skopje за обновување на нивната веб страница srekja.mk, а секој тим ќе има слобода за креативност и флексибилност на алатките кои ќе ги користи за ребрендирање и градење на страницата.

Организаторите порачуваат дека за учество не се потребни многу предзнаења, туку желба за стекнување на нови вештини, тимски дух и страст за технологија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни