Недостатокот на контрола над социјалните мрежи и вештачката интелигенција претставува „мегафон за најлошите импулси на човештвото“, изјави генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш.
„Дигиталните платформи и вештачката интелигенција без проверка му дадоа на говорот на омраза невидена брзина и опсег. На најлошите импулси на човештвото им е даден мегафон и често доведуваат до насилство“, рече тој на отворањето на 10. глобалниот форум на Алијансата на цивилизации на ОН во Лисабон.
„Мораме да го контролираме онлајн ширењето на говорот на омраза и дезинформации“, рече Гутереш, додавајќи дека станува збор за „стари тактики со нов медиум“.
Според неговите зборови, со ширењето на „deepfake“ содржините „невозможни и непревериени настани во моментот стануваат кредибилни“.
На 10. форум во Лисабон присуствуваа повеќе политички и верски лидери.