Грета Тунберг во посета на Белград, како дел од нејзината регионална турнеја за борбата против корупцијата и уништувањето на природата

Шведската климатска активистка Грета Тунберг вчера беше забележана во Белград, како дел од нејзината регионална турнеја низ Балканот. Претходно престојуваше во Албанија, Македонија, Косово и Црна Гора, а најави дека ќе ги посети и Босна и Хрватска.

Во изјава за српскиот медиум „Машина“, Тунберг истакна дека се поврзала со локални активисти и научила многу за тоа како борбата за еколошка правда е тесно поврзана со отпорот против фашизмот и национализмот.

Грета дојде во Белград со цел да даде поддршка на локалните иницијативи за слобода, борба против корупцијата и заштита на природните ресурси, пренесе N1 Србија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни