Граѓанските иницијативи во Србија со јасна порака: Да се запре насилството врз граѓаните!

„Полицијата не е тука за да ја штити власта, туку граѓаните. Секој облик на прекумерна употреба на сила е сериозно кршење на човековите права и показател за отсуство на владеење на правото.
epa12203656 Police officers detain a protestor after a student-led rally in Belgrade, Serbia, 28 June 2025. University students are demanding accountability and calling on early elections after sixteen people died when the canopy of the newly renovated Novi Sad Railway Station collapsed on 01 November 2024. The station, which had been reopened on 5 July 2024 following renovations, was undergoing additional work shortly before the incident. EPA/ANDREJ CUKIC

Граѓанските иницијативи во Србија упатија повик до Министерството за внатрешни работи и сите надлежни институции веднаш да ја запрат употребата на сила врз граѓаните кои протестираат на улиците на Белград.

„Најновите случувања покажаа загрижувачка подготвеност на полицијата да реагира со солзавец, бибер-спреј, физичка сила, попречување на итната помош и произволни апсења против собраните кои го користат своето уставно право. Насилното однесување кон студентите, граѓаните и новинарите е неприфатливо и мора да биде санкционирано“, се наведува во соопштението.

Особено загрижувачки, како што дополнуваат, е што полициското насилство е насочено кон демонстрантите со цел да се заштити контра-протестот кој самата власт го закажала во исто време и на ист простор. „Таквото однесување дополнително ја компромитира институционалната неутралност на полицијата и ја покажува инструментализацијата на државните ресурси во политички цели. Полицијата не смее да биде алатка на владејачката партија за растурање на протестите на граѓаните кои мислат поинаку“, се нагласува во соопштението.

Слободата на собирање, изразувањето незадоволство поради корупцијата и барањето одговорност од властите не се закана, туку основа на демократијата, се истакнува понатаму.

„Полицијата не е тука за да ја штити власта, туку граѓаните. Секој облик на прекумерна употреба на сила е сериозно кршење на човековите права и показател за отсуство на владеење на правото.

Ги повикуваме и меѓународните актери внимателно да ја следат ситуацијата и јасно да дадат до знаење дека полициската бруталност кон сопствениот народ не е прифатлива. Насилството не смее, ниту може да биде одговор на повикот на студентите за распишување избори што ги понуди самиот Александар Вучиќ пред само неколку месеци“, се наведува во соопштението.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни