Граѓаните преку социјалните мрежи повикаа – утре повторно се бојкотираат маркетите

Високите цени на храната повторно ги мотивираа граѓаните преку социјалните мрежи да се организираат и да повикаат на бојкот на маркетите утре.

Утрешниот бојкот граѓаните го нарекуваат „црн петок за маркетите“ и доаѓа по успешниот бојкот минатиот петок, на 31 јануари. Тогаш, според податоците на УЈП, осумте најголеми ланци маркети имале за 46,59 отсто помал промет во споредба со петокот претходно, на 24 јануари.

Податоците исто така покажаа дека следниот ден по бојкотот, прометот пораснал за 11,2 отсто во споредба со претходната сабота.

Бојкотот доаѓа поради незадоволството на граѓаните од високите цени на производите, а по примерот на соседните земји каде што исто така се организираат бојкоти за да се изврши притисок за намалување на цените.

Граѓаните интервјуирани во нашата анкета „Внимание“ истакнаа дека платите не растат, а цените на се се зголемуваат поради што се предизвикува бунт кај народот. Тие во анкетата истакнаа оти се надеваат дека бојкотот ќе помогне да се вразумат одговорните и да се предизвика ефект за намалување на цените.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни