Гитара која Џорџ Харисон ја купил како тинејџер за 58 фунти, продадена е на аукција за повеќе од милион фунти.
Електричната гитара Futurama, гитаристот на Битлси ја купил во 1959. година во Ливерпул како 16-годишен електричар и ја платил во 44 рати со помош на мајка си.
Изложена е на аукција во средата во Нешвил, Тенеси и продадена е за 1,27 милиони долари, двојно повеќе од износот на кој била проценета.
Мартин Нолан, генералниот директор на „Julien’s Auctions“, изјавил дека оваа гитара поставила рекорд за најскапата гитара на Џорџ Харисон која некогаш била продадена.
„Култната гитара на Харисон Futurama, една од најважните во историјата на рокенролот и клучна за звукот на Битлси, повторно беше дел од историјата на денешната аукција“, нагласил тој и додал дека се повеќе од возбудени што сега ја додаваат во клубот на гитари од милион долари на „Julien’s Auctions“, заедно со гитарите на Џон Ленон, Ерик Клептон и Курт Кобејн.
Претходно оваа година, аукциската куќа продала акустичната гитара на Ленон Hootenanni за три милиони долари, а претходно уште една негова акустична гитара за 2,4 милиони долари.