Илјадници мигранти на кои им бил одбиен азил во Германија или имаат малку шанси да го добијат, оваа година добиле финансиска помош за доброволно иселување од земјата. Според одговорот на германската Влада, до крајот на октомври, 8.263 лица ја напуштиле Германија благодарение на финансиската поддршка преку програмата за реинтеграција и доброволно иселување.
Износот на одобрените средства за оваа програма оваа година изнесува повеќе од 8,2 милиони евра. Во одговорот на Владата не е наведено точно кој дел од трошоците ги покриваат федералната и државните влади, бидејќи во некои случаи, Европската унија покрива голем дел од трошоците, а федералните и државните влади носат само 5% од трошоците.
Преку програмата за репатријација, мигрантите можат да добијат средства за авионски или автобуски билети, како и за медицинска помош. Властите објаснуваат дека доброволното иселување е многу поевтино од депортацијата, а политичарите од Bundestag сметаат дека треба да се искористат сите можности за да се уверат дека мигрантите ја напуштат земјата.
„Ова е многу поевтино отколку да им се обезбеди целосна социјална помош“, вели Лајф-Ерик Холм, пратеник во германскиот парламент.