Физички нападнат новинарот Немања Шаровиќ за време на известување пред српскиот парламент

Претседателот на движењето „Љубов, вера, надеж“ и новинар на ТВ КТВ, Немања Шаровиќ, беше физички нападнат денеска додека известуваше од собирот на владејачката Српска напредна странка (СНС) пред зградата на Собранието на Србија.

Шаровиќ прво беше опколен и навредуван од симпатизери на СНС, а потоа и физички нападнат. Освен него, мета на насилство била и целата новинарска екипа на ТВ КТВ од Зрењанин.

Во еден момент, група лица со зелени обележја, кои требало да бидат задолжени за ред и мир на настанот, се нафрлиле врз екипата.

На снимките објавени на социјалните мрежи може да се види како кон Шаровиќ лета шише, а потоа една непозната личност се залетува кон камерата. Во тој момент сигналот се губи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни