Ферари претстави нови хибридни возила, почетна цена од 400.000 евра

Основната цена на моделот 296 Speciale ќе изнесува 407.000 евра во Италија, додека почетната цена на 296 Speciale A ќе биде 462.000 евра, пренесува “Yahoo”.

Италијанскиот производител на луксузни автомобили Ferrari ги претстави своите нови хибридни возила со почетна цена од 400.000 евра. Станува збор за нови верзии на моделите V6 296 GTB купе и 296 GTS родстер, кои инженерите ги модернизираа, ја намалија нивната тежина и ја зголемија нивната моќност и брзина.

Основната цена на моделот 296 Speciale ќе изнесува 407.000 евра во Италија, додека почетната цена на 296 Speciale A ќе биде 462.000 евра, пренесува “Yahoo”.

Првите испораки на моделот 296 Speciale во Европа се очекуваат во првиот квартал од 2026 година, додека 296 Speciale A ќе следи три месеци подоцна. Купето 296 Speciale е полесно за 60 килограми и има дополнителни 49 коњски сили, со што вкупната сила достигнува 868 коњски сили.

Максималната брзина надминува 330 километри на час, а забрзувањето од 0 до 100 километри на час се постигнува за само 2,8 секунди, соопшти “Ferrari”.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни