Светски познатите Faithless ја започаа својата светска туреа во моделите на македонската дизајнера Катарина Лука и нејзиниот бренд „Kali Rose“ .
Тие споделија фптпграфии од концертите во Луксембург, Холандија и Абу Даби.

З соработката со Faithless Катарина вели:
-Верувам дека сè што ми припаѓа и сè што заслужувам – секогаш ќе го најде патот до мене. Така и се случи – едно утро добив мејл: „Здраво Катарина, ние сме менаџментот на Faithless, Sister Bliss е голем обожавател на твојата работа…“ Мислам дека наредните неколку часа плачев од среќа. Растена сум со нивната музика и јас сум тој фан што со години ја носел нивната енергија во себе а и ја пушта нивната музика, и сега дојде моментот таа енергија да се врати – преку оваа соработка. Да ја носат мојата облека значи да ја носат и мојата приказна, мојот сон. И тоа е нешто што нема цена.