Европа никако да здивне од топлотниот бран – температурите уриваат рекорди

Дел од земјите веќе воведуваат одредени решенија, а едно од нив во Италија е воведувањето ограничување за работа на отворено
Фото: Freepik

Франција, Шпанија, Португалија, Италија, но и Германија, Чешка, Австри и Полска и денеска се се соочуваат со топлото време, каде очекуваат температурите над 40, односно над 30 Целзиусови степени, пишува „Гардијан“.

Од Светската метеоролошка организација вчера рекоа дека луѓето ќе мора да научат да живеат со новата нормала на екстремни топлотни бранови кои ќе се случуваат почесто и ќе стануваат посурови со текот на времето.

Дел од земјите веќе воведуваат одредени решенија, а едно од нив во Италија е воведувањето ограничување за работа на отворено.

Освен во Италија, според пишувањата на „Гардијан“, и Франција вчера се соочила со високи температури.

Според италијанското Министерство за еколошка промена, овој јуни бил вториот најтопол јуни од почетокот на мерењата во 1900 година, по оној во 2023.

Француските медиуми пишуваат дека вчера имало 15 отсто повеќе пријави кон службите за итни случаи во регионот Ил де Франс. Пријавено било дека повеќе од 300 луѓе биле згрижени од медицински лица, а двајца починале, вклучувајќи и едно 10-годишно девојче со здравствени проблеми кое починало при посета на Версајската палата.

Две лица починале и во Шпанија, во каталонската покраина Љеида. Тие се починати во шумски пожар кој изгорел 6 500 хектари земја во североисточниот шпански регион.

Во Германија, низ поголемиот дел од државата, денеска се очекува температурите да се искачат до 40 Целзиусови степени и се очекува да се урне рекордот на сите времиња за Германија од 41,2 степени, поставен во јули 2019 година.

Според германските медиуми, Здружението на градови побарало уште 5 милијарди евра годишно од покраините и федералната влада за справување со ефектот на сè почестите топлотни бранови.

Од топлотниот бран не е поштеден и Балканот, а освен во Скопје, високи температури се измерени и во Атина, Тирана и Белград.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни