„Еве го човекот“ – самостојна изложба на Стефан Младеновски

Како последен настан од Гига Фест 2024 ќе биде самостојната изложба на Стефан Младеновски „Еве го човекот“. Изложбата се состои од 50 дела на хартија создадени во последните две години и претставуваат заокружување на еден тематски циклус.

Делата ќе бидат изложени во Уметничката галерија на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, во петок 30-ти август со почеток во 20:00 часот.

Во рамките на настанот, ќе имате можност да го проследите музичкиот перформанс на Ади Имери и Александар Бошков, едни од најзначајните македонски гитаристи, кои оставаат длабок печат на македонската музичка сцена.

Изложбата на Стефан Младеновски се состои од 50 дела на хартија создадени вопоследните двегодини, заокружувајќи еден тематскициклус, во кој централниот елемент е човечката фигура, реализирана преку неколку синтетички особини и намалениот хроматски опсег. Човекот е претставен преку разновидни емоционални состојби, со силна експресивност, без симболика, без конкретна приказна, која отпосле се проектира при процесот на контемплација. Иако авторот во овие ликови се препознава самиот себе, не станува збор за автопотрети, туку за портретирање на сопствената емоција, чија сила и карактер ги одредува изгледот и другите карактеристики на портретот. Сѐ што се случува околу него, општо, глобално и лично, директно влијае на восприемање на првичните импулси од страна на уметникот кои потоа го дефинираат секое дело.

Авторот ги враќа фигурата и емоциите, кои сѐ помалку се користат во современите уметнички текови и трендови, во кои доминира концептот. Воедно ги напушта традиционалните стандарди на композицијата, со нота на емоционална амбивалентност и кршлиовост, кои го рефлектираат современиот живот и неговите вредности. Фигурите се изработени во примитивистички манир, истовремено полни со тензичност и смиреност, со што се поттикнува внатрешна вознемиреност, отуѓеност, акцентирајќи ја индивидуалната субјективност. Темите од секојдневието, општите светски случувања, но во најголем дел од неговиот живот се главниот мотив и инспирација на Младеновски при создавање на неговите дела, при што темите му се наметнуват сами, а секојдневните случувања ги создават првичните импулси, кои несвесно преминуват во уметнички дела. Младеновски се навраќа на основните техники на цртеж, боење, колаж и деколаж со комбинирање на монохромни површинии извлекување на детаљ или акцент со црвена боја.Со хартијата тонски ја решава композицијата, лесно создаваќи тродимензионалност и илузија на простор. Фигурите се во силен контраст со конструктивно геометриски изградените простори. И покрај вклопувањето во просторот и создавањето на баланс и понатаму владеечувство на непријатност, поради силниот импакт на енергијата од примарниот нагон.Делата се создавани во еден здив, започнувајќи со импулс кој преку гестуално празнење се реализира во силно експресивна структура од испреплетени линии и разлиени тонови црно, со акцент или доминација на црвено. Подоцна доаѓа до смирување и синтеза со мирните геометриски плохии при таа игра на свесно и несвесно, конкретно и неконкретно, разјарено и смирено, авторот создава своевиден уникатен и личен синтетички експресионизам.

Стефан Младеновски е роден 1996г. во Крива Паланка. Средно образование завршил во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје, оддел графика. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (2020) оддел графика со насока конзервација и реставрација во класа на проф. м-р Зоран Јакимовски. Магистрирал на истиот факултет (2022) под менторство на проф. м-р Мирко Вујисиќ, област графика. Член е на ДЛУМ од 2020 година .Има реализирано 10 самостојни изложби и бројни групни изложби во земјава и странство.

Наградии признанија:
2018 – Скопје, Студентска награда за графика „Драгутин Аврамовски – Гуте“ на Факултетот за ликовни уметности.
2021 – Битола, Специјална награда за развој на современата графичка уметност на „10. Меѓународно графичко триенале Битола“.
2022 – Скопје, Награда за графика на „Годишната изложба“ на ДЛУМ.
2023 – Скопје, Награда „Константин Мазев – Коце“ на изложбата „Ликовно творештво мал формат“ од Културно информативен центар.- Скопје, Почесна диплома на 6. Меѓународна Ex Libris изложба Скопје 2023.

Ади Имери,
мултиинструменталист, композитор и продуцент.
Во својата 20-годишна, активна кариера има соработувано со безброј артисти и бендови од кои најактивно соработува со „Некст ту сајленс“ (Next to Silence), „Фулиш грин“ (Foolish Green) и „Пич вајс“ (Peach Vice).

Александар Бошков,
дипломира на катедрата за џез при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Редовно настапува во различни постави во државата и надвор. Талениран музичар со отворен ум кон различни музички правци. Учествува во многу проекти (Александар Бошков трио/квартет, Cobalt Code Unit, трио Бошков / Мирческа / Теодосиев), а има и соработки со изведувачи во сферата на електронската музика (Starchild со Yudhishtira).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни