Ентони Хопкинс жали што ја повторил улогата на Ханибал Лектор

Ентони Хопкинс како Ханибал Лектор во „Кога јагнињата ќе стивнат“

Продолженијата на филмовите често изгледаат како добра идеја, но не секогаш излегуваат успешно, туку завршуваат како мрзлив обид за повторно осмислување на оригиналот. Дел од нив остваруваат успех, но дел стануваат филмови кои и режисерите и актерите се обидуваат да ги заборават. Дури ни најпознатите холивудски имиња, како Ентони Хопкинс не се отпорни на лоши продолженија.

Критички одличниот „Кога јагнињата ќе стивнат“ излезе во 1991 година, а режисерот Џонатан Деме постигна многу со овој филм. Возбудлива детективска приказна каде што детективката Клариса Старлинг глумена од Џоди Фостер се консултира со сериски убиец, за да влезе во умот на човек кого се обидува да го уапси.

Фостер изглуми одлично, а и режијата на Деме беше инспиративна. Сепак, највпечатливо во филмот беше глумењето на Ентони Хопкинс како канибалистички сериски убиец Ханибал Лектор.

Публиката ширум светот одлично го прифати филмот, а и филмската индустрија ја препозна неговата популарност. „Кога јагнињата ќе стиват“ освои неколку Оскари, вклучително и за најдобра актерка, за најдобро сценарио, најдобра режија и за најдобар актер.

Откако овој комплексен филм доби таква популарност и успех, продуцентските куќи веднаш ги прифатија идеите за продолжение. Ханибал Лектор беше спореден лик во оригиналот, што остави многу слоеви за истражување, па напишани беа сценарија за разоткривање на комплексноста на ликот. Иако во теорија тоа е добра идеја и продолженијата со Ханибал не беа лоши, сепак ниту еден не ја достигна популарноста на оригиналот.

„Го играв Ханибал еднаш, но погрешив кога се обидов да го играм уште два пати. ‘Кога јагнињата ќе стиват’ беше добар. Тоа беше добар филм. Но не сакам повеќе да го играм Ханибал, доста беше“ вели Хопкинс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни