Според неодамнешно истражување, електричниот шпорет е еден од најголемите потрошувачи на електрична енергија во домаќинствата. Иако денес користиме многу електрични уреди кои ни го олеснуваат секојдневието, тие исто така го зголемуваат месечниот трошок за струја.
Електричен шпорет може да има моќност до 4500 вати, што е еквивалентно на потрошувачка на 65 фрижидери кои работат истовремено. За споредба, модерен фрижидер троши околу 70 вати. Шпоретот при загревање користи огромна количина енергија, особено кога се користат рерната или повеќе рингли во исто време. Потрошувачката е висока затоа што шпоретот мора брзо да се загрее, што бара многу струја, а електричните греачи се вклучуваат при секое користење и трошат дури и кога не се користи целата површина.
Иако и индукционите плочи трошат струја, тие се поефикасни бидејќи директно го загреваат садот, наместо целата плоча. За да заштедите, се препорачува користење на помали рингли кога се готват мали оброци, исклучување на шпоретот неколку минути пред крај на готвењето бидејќи остатокот од топлината е доволен, и размислување за индукциска плоча ако често се готви.