Од први до деветти август 2025 година, во Призрен ќе се одржи дваесет и четвртото издание на Интернационалниот фестивал за краток и документарен филм ,,ДОКУФЕСТ”.
Над 100 филмови ќе се натпреваруваат во седум категории. Освен филмската програма, оваа година фестивалот ќе понуди различни курирани дискусии, предавања, разговори и севкупна разнолика програма во контекст на изданието.
Оваа година темата на фестивалот е ,,ENDLESS GREED, MENTAL VOID”, која рефлектира на тешкотијата да се размислува јасно покрај континуираното страдање, и неможноста соодветно да се одговори на хоророт во кој живееме.
Темата одговара на севкупната атмосфера во која се работи и создава, а се однесува на корозијата на надежта. Повеќе информации за темата на ова издание може да се најдат на следниот линк: https://shorturl.at/Kmia4
Повеќе информации за натпреварувачкиот дел од програмата: https://shorturl.at/fhBjM