Оваа недела, наши гости се едни од најпознатите момци на македонската поп-сцена – Илчо Нечовски и Борис Какуринов – музичкото дуо Дупер, кое нè освои со хитот „Не сум твој тип“ и ни докажа дека оригиналноста не само што се слуша, туку и се памети!
А дали некогаш сте се прашале… им фали ли на Дупер тапанар?
Нашиот Дениз има голема желба да биде дел од нивниот бенд – со тапани во рака и сонот во очи, тој ќе ги презентира своите способности. Дали ќе ја добие шансата? Дали Дупер ќе му дадат „да“? Или ќе остане само обожавател со ритам во срце?
Во оваа весела и распеана епизода дознаваме:
– Колку време се знаат Илчо и Борис?
– Кој е генијалецот за музика, а кој ја држи логистиката под конец?
– Што обожаваат еден кај друг… а што им оди на живци?
– Доколку не беа музичари – што би биле?
– И, со кој македонски бенд би сакале да соработуваат?
Смеење, свирење, и многу добра енергија – сè во новата епизода на РеТрн ДУО! Не ја пропуштај!