„Дубиоза Колектив“ во знак на поддршка на студентите го одложи премиерното изведување на новата песна: Во петок сѐ мора да запре

Ја одложуваме премиерата на песната и спотот која беше закажана за петок, бидејќи на 24 јануари сѐ мора да запре“, напиша бендот на Фејсбук

Босанскохерцеговачкиот бенд Дубиоза Колектив соопшти дека го одложува премиерното изведување на новата песна, кое беше планирана за петок, 24 јануари, наведувајќи дека тогаш „сѐ мора да запре“.

„Ја одложуваме премиерата на песната и спотот која беше закажана за петок, бидејќи на 24 јануари сѐ мора да запре“, напиша бендот на Фејсбук.

Студентите во блокада, ги повикаа граѓаните на Србија на целосно прекинување на сите активности во петок, на 24 јануари, односно на генерален штрајк или „општа граѓанска непослушност“.

Дубиоза Колектив, заедно со веста за одложување на премиерата на песната и спотот, објави и транспарент од еден од студентските протести на кој е цитирана дел од нивната песна „Opet ti je, brate, loše da ne može gore, opet niko nije kriv, krivo je more“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни