Државниот Симфониски Оркестар од Солун во сабота на 17 мај од 19:30 часот, за прв пат во неговото 66 годишно постоење настапува во Скопје во салата на Филхармонија, со специјални гости од двете земји, како водечката Грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и светски реномираниот пијанист Симон Трпчевски од РС Македонија.
Со Оркестарот ќе диригира реноминираниот Грчки диригент Владимирос Симеонидис.
Сопран: Мирто Папатанасиу, пијано: Симон Трпчевски, диригент: Владимирос Симеонидис.
На програмата се дела од Морис Равел и неговиот грчки студент Емилиос Риадис, на чествување на 150 годичницата од раѓањето на Морис Равел и 90 годишна од смртта на најголемиот Солунски композитор Емилиос Риадис, вклучувајќи ја и светската премиера на симфониската свита од операта “Галатеиа”
Проектот се спроведува во рамките на националниот план за закрепнување и отпорност Грција 2.0 финасиран од Европската Унија NextGenerationEU