Државата каде се работи најмалку, а се живее најдолго и најубаво

Дали се прашувате каде луѓето најуспешно го балансираат работниот и приватниот живот?

Според магазинот Travel, одговорот е Луксембург, кој се наоѓа на врвот на листата на земји со најдобар баланс помеѓу работа и живот.

Листата е составена земајќи ги предвид неколку клучни фактори: просечен број работни часови неделно, должина на годишен одмор, квалитет на сон, очекуваниот животен век и општото чувство на среќа, пренесува РТЦГ според порталот Вечерњи.хр.

Луксембург го зазема првото место благодарение на своите исклучителни стандарди. Еден од најголемите придобивки е системот кој на повозрасните вработени им доделува дополнителни денови одмор. Така, вработените постари од 55 години во просек уживаат 36 дена платен одмор годишно.

Дополнително, просечната плата во Луксембург изнесува околу 5.000 евра, а повеќе од 65% од жителите поседуваат сопствен автомобил. Иако населението брои само околу 600.000 луѓе, квалитетот на животот во оваа земја се смета за еден од најдобрите во Европа.

Австрија и Данска се на второто и третото место на листата, нудејќи им на своите вработени најмалку 25 дена платен одмор годишно. Од друга страна, Соединетите Американски Држави се најдоа дури на 87-то место. Причината е недостатокот на законски гарантиран платен одмор и честото незадоволство од квалитетот на сонот кај населението.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни