Донаторскиот настан „Дај надеж, смени живот – За спас на жртвите на насилство!“ – аукција на уметнички дела и ракотворби.

Аукцијата содржи дела од уметниците Ване Костуранов, Небојша Гелевски – Бане, Марија Смилевска, Јован Јосифовски, Ѓорѓе Јовановиќ, Владимир Лукаш, Јана Луловска, Ѓорѓи Митревски како и литературни дела од Румена Бужаровска, Петар Андоновски и Калиа Димитрова.

Во четврток во 19 часот во Цреша Бар ќе се одржи донаторскиот настан „Дај надеж, смени живот – За спас на жртвите на насилство!“ – аукција на уметнички дела и ракотворби, организиран од Хелсиншкиот комитет.

„Во последниве 5 години имаме помогнато на повеќе од 200 жени што претрпеле некаков вид насилство, само заради тоа што се жени. Ние од Хелсиншкиот комитет сме гласот на луѓето соочени со безизлез пред надлежните. Им помагаме да ги остварат сопствените права. Сите се еднакви пред законот и заслужуваат правда. Хелсиншкиот комитет се бори тоа да стане реалност. За обезбедување бесплатна правна помош за жените жртви на насилство се потребни финансиски средства – за пријавување, застапување, адвокати и поддршка низ институциите.Без оваа помош, многу жени остануваат заглавени во насилни односи без излез. Донациите значат шанса за правда, безбедност и нов почеток без страв. За таа цел ја организираме оваа аукција, да можеме да продолжиме да ја даваме помошта на оние на кои им е најпотребна- велат од Хелсиншки.

Аукцијата содржи дела од уметниците Ване Костуранов, Небојша Гелевски – Бане, Марија Смилевска, Јован Јосифовски, Ѓорѓе Јовановиќ, Владимир Лукаш, Јана Луловска, Ѓорѓи Митревски како и литературни дела од Румена Бужаровска, Петар Андоновски и Калиа Димитрова.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни