Познати се добитниците на 72. Пулски филмски фестивал: „Миротворец“ ја освои Големата Златна арена

На свечена церемонија одржана во Истарското народно позориште, беа доделени Златните арени на 72. Пулски филмски фестивал. Највисокото признание, Големата Златна арена за најдобар филм, му беше доделена на документарниот филм „Миротворец“ на режисерот Иван Рамљак, кој е и ко-сценарист заедно со Драгутин Хедл и Хрвоје Зовко, а продуцент е Ненад Пуховски од продукциската куќа Factum.

Жирито го оцени филмот како длабоко човечка приказна за Јосип Рајхл-Кир, личност чие дело останало во сенка, но чии избори зборуваат за вистинска човечност. „Миротворец“ од архивски материјали создава портрет на човек кој можеби можел да ја смени историјата, но бил намерно заборавен. Филмот, според жирито, „е незаборавлив токму затоа што зборува за оние кои не смееме да ги заборавиме.“

Добитници во главната програма: Хрватски филм

Најмногу признанија освоија филмовите „Фиуме или смрт“ на Игор Безиновиќ, „Зечји насип“ на Чејен Черниќ Чанак, „Дражен“ на Данило Шербеџија, и „Добра деца“ на Филип Перузовиќ.

Некои од најзначајните награди:

  • Најдобра режија: Игор Безиновиќ за „Фиуме или смрт“
  • Најдобра главна машка улога: Филип Шоваговиќ во „Добра деца“
  • Најдобра главна женска улога: Нина Виолиќ во „Добра деца“
  • Најдобар сценарио: Николина Богдановиќ и Филип Перузовиќ за „Добра деца“
  • Најдобар дебитант: Лав Новосел за улогата во „Зечји насип“
  • Споредна машка улога: Андрија Жунац
  • Споредна женска улога: Зринка Цвитешиќ

Хрватски малцински копродукции

„Како е тука толку зелено?“ на Никола Лежаиќ ја доби Златната арена за најдобар малцински копродукциски филм, а Филип Ѓуриќ и Ферештех Хосеини беа наградени за главни улоги во истиот филм и во „Меѓу боговите“ на Вук Ршумовиќ.

Награди добија и Александар Павловиќ за камера и Владимир Гојун за монтажа во филмот „Добри девојки“.

Регионална програма

Најдобар регионален филм: „78 дена“ на Емилија Гашиќ, кој жирито го оцени како „филм што ни го скрши срцето, но и ни ја врати надежта во иднината на регионалната кинематографија“.

Посебно признание: „За денес толку“ на Марко Ѓорѓевиќ – за „топол и промислен филм со неконвенционален наративен пристап“.

Студентска програма

  • Најдобар студентски филм: „Грчки кајсии“ на Јан Креватин – филм кој со суптилност ја прикажува рутината и безнадежноста на постјугословенскиот простор преку ноќна смена на бензинска пумпа.
  • Посебно признание: „Флека“ на Сара Алаваниќ, за стилски храбар и необичен пристап во рамките на хрватската филмска сцена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни