Дензел Вашингтон си го гризнал јазикот речиси на половина: Тоа влијае на мојот говор

Американскиот актер Дензел Вашингтон изјави дека се опоравува откако си го гризнал јазикот „речиси на половина“, што му отежнува да се подготви за улогата во Бродвејската претстава „Отело“.
Фото: Ole Haug, www.olehaug.com/Flickr

„Пред неколку месеци речиси одгризав половина од мојот јазик. Тоа влијае на мојот говор“, рече Вашингтон, пренесе Фокс њуз.

Тој објасни дека неговиот отечен јазик му отежнувал да се подготви за главната улога во претстојната драма на Бродвеј „Отело“, во која глуми и Џејк Гиленхал.

Вашингтон не соопшти детали за тоа како го повредил јазикот или како се лекува.

Инаку, Дензел Вашингтон би можел да ја добие улогата на еден од најпопуларните ликови од суперхеројските стрипови на Марвел, X-Men.

Според World of Reel, инсајдерот во индустријата тврди дека Дензел Вашингтон ќе го игра мутантот Магнето во Black Panther 3, во режија на Рајан Куглер, и во претстојниот рестарт на X-Men.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни