Дензел Вашингтон презема нова улога: Ја прифаќа верата и станува свештеник

Фото: Ole Haug, www.olehaug.com/Flickr

69-годишниот холивудски актер Дензел Вашингтон, ја доби својата лиценца за свештеник откако беше крстен од бискупот Џејмс Пулинс Џуниор во Црквата Кели Темпл во Њу Јорк.

Во видеото што беше споделено на интернет, Вашингтон ја изрази својата благодарност, велејќи: „Ако Бог може да направи ова за мене, нема ништо што не може да направи за вас. Небото буквално е граница“.

Вашингтон неодамна зборуваше за својата вера за Esquire, признавајќи дека дискутирањето за религијата во Холивуд е ретко, но нагласи дека таа е важен дел од неговиот живот. „Не ми е важно што мислат другите“, рече тој, додавајќи: „Сега сум слободен“.

Вашингтон, познат по своите улоги во Training Day и Malcolm X, ја започна својата кариера во 80-тите години и од тогаш стана еден од најпочитуваните актери во Холивуд. Неговата нова свештеничка улога претставува значаен личен момент.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни