Меѓу највпечатливите се „Ураганот“, „Лет“, „Ден за обука“ и „Американски гангстер“, а за улогата во „Слава“ од 1989 година го доби и својот прв Оскар.
Но, кога на платформата Reddit му поставија прашање кои два негови филма би ги препорачал како вовед за некој што првпат гледа негови дела, одговорот беше јасен: „Погледнете ги ‘Огради’ и ‘Во жарот на одмаздата’.“
„Огради“ (Fences), снимен во 2016 година, е режисерско деби на Вашингтон, адаптација на истоимената драма на Август Вилсон. Филмот го прикажува животот на афроамериканско семејство во Америка во 1950-тите, во време на длабоки општествени поделби. За оваа улога Дензел беше номиниран за Оскар, а критичарите го пофалија за силната и емоционално богата изведба.
Во „Во жарот на одмаздата“ (Man on Fire), режиран од Тони Скот, Вашингтон ја игра улогата на поранешен агент на ЦИА кој се обидува да ја заштити девојче од киднапери во Мексико. Ова е еден од неговите најинтензивни филмови – полн со акција, но и со длабоки лични теми како искупување, жртва и справување со трауми од минатото.
Ако допрва го откривате актерскиот свет на Дензел Вашингтон, овие два филма се одличен почеток.