Во интервју за Esquire, додека го промовираше својот нов филм Гладијатор II, славниот оскаровец детално раскажа за својата љубов кон скапите вина. Дензел рекол дека неговите проблеми со алкохолот започнале уште во 1999 година, кога во својата куќа изградил винарска визба од десет илјади шишиња и почнал да пие се повеќе и повеќе.
Тој рече дека „голтал“ шишиња вино во вредност од 4.000 долари, но никогаш повеќе од две истовремено. Според неговите зборови, тој се јавил во продавница за алкохол во Лос Анџелес и секој пат нарачувал две шишиња вино, а неговата сопруга Паулета прашувала зошто само две. Дензел одговорил дека ќе пие повеќе во текот на денот доколку нарача повеќе, пренесува TMZ.
Тој вели дека не пиел додека бил на снимање – решил да пие три месеци по ред, а потоа да се отрезни и да снима филм. Така функционирал цели 15 години и вели дека му нанел голема штета на телото. Признал и дека користел дрога, но никогаш не станал зависник.
Со гордост истакнува дека во декември ќе прослави десет години откако е трезен и дека оттогаш не испил ни капка алкохол.