Денес во МНТ: Настан во чест на легендарниот актер Кирил Псалтиров

Во рамките на чествувањето на 80 години Македонски народен театар, денес на пладне во фоајето на МНТ ќе се одржи настан во чест на актерот Кирил Псалтиров. Тој беше дел од ансамблот на МНТ од 1974 години, па се’ до пензионирањето. За неговата харизма и вештина се зборува и денес.

Кирил Псалтиров (роден на 11 октомври 1941 во Кочани — починал на 8 мај 2021 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Завршил Академија за драмски уметности во Скопје во 1973 година, во првата генерација дипломирани глумци заедно со Ѓорѓи Колозов, Снежана Киселичка, Гоце Влахов, Петре Арсовски, Мајда Тушар и Соња Каранџуловска. Глумел во повеќе филмови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни