Демократите во Швајцарија бараат лидерката на AfD Алиса Вајдел да се врати во Германија: “Швајцарија не е уточиште за сили кои ја загрозуваат државата и шират омраза”

Како дел од сатиричната акција, ѝ испратиле лажна повратна карта за Германија, алудирајќи на нејзиниот престој во Швајцарија и политичката контрадикција помеѓу нејзиното приватно и јавно дејствување. Картата е симболичен одговор на кампањата на AfD во Германија, каде што таа десничарска партија делела лажни депортациски карти на имигранти, сугерирајќи им да ја напуштат земјата.

Швајцарскио сојуз за директна демократија (Schweizer Bündnis für direkte Demokratie) започна јавна акција во која бараат од Алиса Вајдел, лидерка на десничарската партија AfD, да ја напушти Швајцарија и да се врати во Германија. Иницијативата вклучува и испраќање на симболично писмо со прилог во форма на авионска карта.

Во писмото, кое е испратено до Вајдел, иницијативата истакнува дека ја цени нејзината одлука да се насели во мало швајцарско село Енсајделн со нејзиното „мултикултурно семејство во бои”, но истовремено нагласуваат дека очекува од сите новодојдени да се интегрираат и да ги усвојат швајцарските традиции и вредности.

Како дел од сатиричната акција, ѝ испратиле лажна повратна карта за Германија, алудирајќи на нејзиниот престој во Швајцарија и политичката контрадикција помеѓу нејзиното приватно и јавно дејствување. Картата е симболичен одговор на кампањата на AfD во Германија, каде што таа десничарска партија делела лажни депортациски карти на имигранти, сугерирајќи им да ја напуштат земјата.

Швајцарските активисти сега ја користат истата тактика против Вајдел, испраќајќи ѝ симболична авионска карта со која ја повикуваат да ја напушти Швајцарија и да се врати во Германија.

Детали на картата се симболични Авионската карта е нацртана со детали кои дополнително ја нагласуваат критиката кон Вајдел и AfD, и тоа така што:

Број на летот “AW88” – референца на иницијали на Алиса Вајдел, додека бројот 88 во екстремно десничарските кругови означува код за “Хајл Хитлер”. Време на влегување 19:33 – алузија на годината 1933, кога Адолф Хитлер дошол на власт во Германија. Име на авио-компанијата “Ари-Аир” – игра на зборови која алудира на поимот “ариевски”. Патникот е наведен како “Закана за демократијата” – директна критика на политичките ставови на Вајдел и AfD. Дестинација е означена како “безбедна земја на потекло” – ироничен јазик кој AfD често го користи во дебатите за миграција.

“Швајцарија својата сила ја црпи од различноста – тоа е успешен модел кој очигледно ве убедил на приватно ниво”, се вели во писмото.

Авторите потоа истакнуваат дека политичките активности на Вајдел се во спротивност со тие принципи и „љубезно ја молат да ја напушти Швајцарија”, тврдејќи дека нивната земја „не е уточиште за сили кои ја загрозуваат државата и шират омраза”.

На крајот на пораката додадени се дека повратната карта за Германија е веќе приложена, со завршна порака: “Среќно враќање дома! #AdieuAlice”.

Оваа иницијатива доаѓа по медиумските написи дека Вајдел, кандидат за канцеларка на AfD, поголемиот дел од времето го поминува во Швајцарија, иако се бори за националистички цели во Германија. Критичарите сметаат дека нејзиното присуство во Швајцарија не е во согласност со политиката на нејзината партија, а иницијативата на Швајцарскиот сојуз за директна демократија јасно ѝ испраќа порака дека не ја сакаат како сограѓанка.

Вајдел и нејзиниот тим засега не го коментирале овој потег, но е извесно дека ќе предизвика дополнителни дебати за нејзината политичка и приватна ситуација.

Нејзиниот портпарол потврдил дека Вајдел е пријавена во Германија, во округот на Боденското Езеро, и дека таму плаќа даноци. На прашањето кога последен пат ја посетила нејзината изборна единица, Тапп рекол дека била таму на 8. и 9. јануари, и повторно крајот на претпретходната недела. Вајдел е официјално пријавена во германскиот град Њуберг, на Боденското Езеро во југозападната германска покраина Баден-Виртемберг.

Но, медиумите последниве недели пишуваат дека поранешната банкарка, која се опишува како лезбејка, но не queer, живее со својата сопруга Сара Босард, швајцарска продуцентка родена на Шри Ланка, и нивните двајца посвоени синови, во Швајцарија.

Вајдел потекнува од семејство кое имало значајна политичка историја – нејзиниот дедо по татко бил истакнат нацистички судија, а семејството било протерано од Шлеска по Втората светска војна, која сега е дел од Полска. Таа сама се приклучила на AfD во 2013 година, првично поради противењето на финансиското спасување на земјите во криза во еврозоната. Од тогаш, партијата поминала низ значајна идеолошка промена, станувајќи силно фокусирана на прашањата за миграцијата и суверенитетот.

Вајдел е скептична во однос на климатските промени и го поддржува намалувањето на даноците, укинување на минималната плата и намалување на државниот апарат. Исто така, поддржува построги мерки против нелегалната имиграција, нагласувајќи дека големиот прилив на мигранти последниве години предизвикал економски и социјални проблеми.

Да потсетиме, Алтернатива за Германија (AfD) постигна историски успех на неодамнешните парламентарни избори, убедливо освојувајќи второ место на национално ниво. Во исто време, AfD е очигледен победник во источна Германија, што е доказ дека изборната поделба меѓу истокот и западот на земјата останува на сила.

AfD е основана во 2013 година. Првично се формира како евроскептичка реакција на финансиската и економската политика на еврозоната, но со времето се трансформираше во десничарски популистички движење. Таа е критична кон понатамошната европска интеграција и поддржува посилен национален суверенитет. Бара построга контрола на границите и намалување на масовниот прилив на мигранти, особено од муслиманските земји, нагласувајќи ја важноста на зачувувањето на германскиот културен идентитет.

Пропагира традиционални вредности и национален идентитет, што често се поврзува со критика на мултикултурализмот. Често изразува загриженост за влијанието на исламот врз германското општество, што води до обвинувања за исламофобија.

Многу политички аналитичари, медиуми и институции во Германија, како и во странство, ја позиционираат AfD како екстремно десничарска партија. Многу критичари нагласуваат дека партијата користи многу остар реторички тон насочен против мигрантите и исламската култура, што се доживува како нетолерантно и исклучиво. Исто така, ги обвинуваат членовите на AfD за одбивање на модерни демократски стандарди.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни