„Дата база“ од Марија Мицова-Гацова во Париз

Мултимедијалниот проект „Дата база“ од уметничката Марија Мицова-Гацова ќе биде претставен вечерва во Меѓународниот резиденцијален центар (Cité internationale des Arts) во Париз. Таа ќе се претстави со инсталација од цртежи, принтови од мемориски предмети, инсталација во техниката papier mâché и видео кое го документира целиот процес на творење.

– Преку користење на различни материјали и медиуми го претставувам визуелното истражување на релацијата со предците и раслојувањето на напластената содржина на заробената меморија.

Оваа изложба произлегува од моето истражувањето за комплексноста на меморијата, составена од генерациски наследни податоци, стекнати информации и нивната употреба во социјално-културен контекст – вели Мицова-Гацова.

Изложбата е завршница на нејзиниот двомесечен резиденцијален престој во Париз. Патувањето беше во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година од областа на меѓународната дејност на македонското Министерство за култура.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни