Имено, Трехо е најпознат по своите улоги во кои ги толкува озлогласените негативци, а неговиот услов за улогата го вклучува и условот негативците кои ги глуми да умрат на крајот од филмот.
Причината е едноставна. Дани Трехо верува дека е важно децата да научат од филмот дека криминалот не се исплаќа.
Овој холивудски великан имаше многу бурно минато пред својата актерска кариера, но успеа да се извлече. Во текот на 60-тите и 70-тите, Трехо одлежа затворска казна за дрога и вооружен грабеж.
„Се откажав од алкохолот и дрогата. Целосно престанав да ги користам. Почнав да го посветувам животот на помагање на другите луѓе”, рекол Трехо во едно интервју, додавајќи: „Оттаму, работите едноставно се случија. Сè што ми се случи добро – се случи како директен резултат на помагање на некој друг, сè“.
Неговиот пријател Еди Бункер му го дал неговиот почеток во Холивуд како тренер за Ерик Робертс за неговите борби за филмот „The Runaway Train“, по што режисерот Андреј Кончаловски му дал улога и станал актер.
Иако поради физичкиот изглед се прослави со улогите глумејќи негативец, Дани Трехо играше и добри момци во филмовите како „Bad Ass“, „Machete“, „Spy Kids“, „Walker, Texas Ranger“ и многу други.
Неговото барање негативците што ги глуми мора да умрат, како и мотивот поради кој тоа го бара, го издвојуваат како особено добар меѓу „негативците“.