АКТИВНИ ПОЖАРИ:
Најсериозни пожари моментално беснеат во следниве општини:
- Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино (на планината Голем Готен и Малешевските Планини), каде што гори нискостеблеста шума и грмушки.
- Прилеп и Кавадарци – помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен, Галиште и Трстеник, зафатени со мешана шума и ниска вегетација.
- Прилеп – с. Бешиште, со проширување кон Новаци и до границата со Грција.
- Македонски Брод – помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа.
- Желино – меѓу селата Церово и Групчин.
- Крива Паланка – с. Нерав, каде што гори густа борова шума.
- Кичево – с. Горно Црско, како и Македонска Каменица – с. Ќосевица, каде што пожарот се шири во борова шума.
ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА:
Во 7 региони пожарите се ставени под контрола, вклучително:
- Старо Нагоричане, Куманово и Кратово
- Петровец – Средно и Долно Коњаре, како и Катланово
- Македонски Брод – с. Грешница и с. Латово
- Штип – Драгоево и Селце
- Карбинци – с. Јунузлија
ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ:
Во изминатото деноноќие целосно се изгаснати 36 пожари во повеќе општини, меѓу кои Шуто Оризари, Арачиново, Битола, Прилеп, Кичево, Охрид, Струмица, Свети Николе, Куманово, Гевгелија и други.
ЦУК апелира: Висок ризик од пожари – неопходна претпазливост
Центарот за управување со кризи упатува итен апел до граѓаните да не палат отпад, стрништа или оган на отворен простор, особено во и околу шумски подрачја. Топлото време, сувата вегетација и ветрот значително го зголемуваат ризикот од ширење на пожари, кои тешко се ставаат под контрола и можат да предизвикаат големи еколошки и материјални штети.
⚠️ За секое сомнително движење, чад или појава на пожар, граѓаните веднаш да пријават на:
📞 193 – Територијална противпожарна единица
📞 112 – Брз одговор и интервенција преку ЦУК
ЦУК останува во постојана координација со сите надлежни институции, вклучително и Дирекцијата за заштита и спасување, АРМ, локалните самоуправи и доброволни противпожарни друштва, со цел ефикасно справување со сите активни пожари и спречување на нови жаришта.