Цунами ја погоди Америка: Првите удари веќе предизвикаа голема штета, водата продира сè подлабоко

Цунами-бранови моментално удираат врз Хаваите, каде што изненадното покачување на нивото на морето е забележано на неколку клучни локации – меѓу нив Кахулуи, Навливили, Хонолулу и Перл Харбор.

Според податоците од американските метеоролошки и сеизмолошки служби, нивото на морето се менува нагло и во бранови, што сериозно го отежнува спроведувањето на безбедносни мерки и евакуација на населението.

На социјалните мрежи веќе се појавуваат драматични снимки од крајбрежните зони, додека локалните власти упатуваат апели граѓаните итно да се засолнат на повисоки места и да ги следат официјалните предупредувања.

Според Националната океанска и атмосферска администрација (NOAA), нивото на морето на одредени локации е надминато за повеќе од 1,2 метри. Властите ги повикуваат жителите да останат на готовс и да ги следат упатствата на службите за итни состојби.

Првите удари на Хаваи – до 3 метри над нормалата

Првите цунами-бранови пристигнаа на Хаваите, каде што се очекуваат удари и до 3 метри над нормалниот морски нив. Архипелагот се подготвува за можност од катастрофални последици, додека и други земји во Пацификот чувствуваат последици од сеизмичката активност.

Во Русија, силниот земјотрес што го погоди источниот брег предизвика оштетувања на објекти, меѓу кои и една детска градинка се урна – за среќа, без повредени. Првите цунами-бранови пристигнаа во Северо-Курилскиот округ на јужниот врв на Камчатка, каде што е прогласена вонредна состојба. Снимките прикажуваат вода што се пробива низ згради, оштетува индустриска инфраструктура и однесува тешки предмети.

Во Јапонија, цунами-удари веќе се почувствувани во делови од источното крајбрежје – од северниот остров Хокаидо до главниот остров Хоншу, вклучително и области близу Токио. Засега, висината на брановите е околу 60 сантиметри, што е значително помалку од предвидените 3 метри.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни