Нов извештај на Европската агенција за животна средина (ЕЕА)

Бучавата од сообраќајот убива: Над 110 милиони Европејци страдаат од штетни нивоа на бучава

92 милиони луѓе се погодени од бучава од патен сообраќај. 18 милиони од железнички сообраќај. 2,6 милиони од авионски сообраќај. 17 милиони страдаат од „висока и хронична раздразнетост“. 5 милиони имаат тешки нарушувања во сонот a 15 милиони деца живеат во зони со опасна бучава

Над 110 милиони луѓе во Европа се изложени на штетна бучава што сериозно им го нарушува здравјето, покажува нов извештај на Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Последиците се драматични: 66.000 предвремени смртни случаи годишно, зголемен ризик од срцеви заболувања, дијабетес тип 2, депресија, дебелина и когнитивни нарушувања кај децата.

Што покажува извештајот:

92 милиони луѓе се погодени од бучава од патен сообраќај. 18 милиони од железнички сообраќај. 2,6 милиони од авионски сообраќај. 17 милиони страдаат од „висока и хронична раздразнетост“. 5 милиони имаат тешки нарушувања во сонот a 15 милиони деца живеат во зони со опасна бучава

Бучавата тивко убива

Бучавата не е само здодевна. Таа го држи телото во состојба на постојан „fight or flight“ (борба или бегство), што, според д-р Еулалија Перис од ЕЕА, предизвикува хроничен стрес, воспаленија и оксидативен стрес, со долгорочни последици за здравјето.

„Јас лично страдам од бучава. Таа ја ограничува секојдневната слобода“, изјави Перис.

Минимално намалување и несигурна иднина

Од 2017 до 2022 година, бројот на изложени лица е намален за само 3%. Тоа значи дека ЕУ нема да ја исполни целта за намалување на хронично изложените лица на транспортна бучава за 30% до 2030 година – без драстични мерки.

Решенија кои можат да спасат животи:

Намалување на брзините во урбани зони. Поттикнување на пешачење, јавен транспорт и возење велосипед. Тивки гуми и контрола на бучни возила, pодобро одржување на шините и возовите и оптимизација на авиони и летачки рути.

Иако електричните возила се почести, тие не ја решаваат бучавата во целост, бидејќи најголем дел од неа доаѓа од контактот гума-асфалт, а не од моторите.

„Бучавата е често занемарена затоа што не доаѓа во пикови како загадувањето на воздухот,“ изјави Лена Ила-Моненен, извршна директорка на ЕЕА.

„Но долгорочните здравствени ефекти се масовни – особено кај децата. Ова е проблем што бара итно и сериозно внимание во сите земји.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни