Бројот на мултимилионери пораснал на 2,34 милиони

Додека глобалната економија успорува, клубот на супербогатите продолжува да расте – бројот на мултимилионери ширум светот пораснал за 4,4% во 2024 година, достигнувајќи рекордни 2,34 милиони, се наведува во извештајот на консултантската компанија Knight Frank.

Најголемиот раст на богатството е забележан во Северна Америка, каде бројот на лица со имот над 10 милиони долари скокнал за 5,2%. Соединетите Американски Држави се неприкосновени лидери – скоро 40% од сите светски мултимилионери живеат таму, што е двојно повеќе во споредба со Кина, објави CNBC.

Друг историски рекорд е забележан кај ултрабогатите – прв пат во историјата бројот на индивидуи со имот поголем од 100 милиони долари пречекал 100.000!


Покрај мултимилонерите, експлозивно расте и бројот на милијардери. Според податоците на организацијата Oxfam, минатата година светот добил 204 нови милијардери, што е зголемување од 8%.

Иако глобалниот економски раст е забавен, растечкото богатство на најбогатите е поттикнато од отпорната американска економија и оптимизмот на инвеститорите. Американските берзански индекси оствариле импресивни добивки: S&P 500 пораснал за 23%, Nasdaq за 29%, додека Dow Jones скокнал за повеќе од 12%.

„И покрај глобалните предизвици, силното обновување на американската економија даде ветрот во грб на инвеститорите“, изјави Лиам Бејли, раководител на глобалните истражувања во компанијата Knight Frank.

Додека светот се соочува со економска неизвесност, едно е сигурно – богатите никогаш не биле побогати!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни