Брис Олиги Нгема избран за претседател на Габон

Во Габон во саботата се одржаа првите претседателски избори по воениот удар во 2023 година, кој го предводеше токму Брис Клотр Олигија Нгема. По пучот, тој ја извршуваше функцијата привремен претседател на државата.

Брис Клотр Олигија Нгема е избран за нов претседател на земјата според прелиминарните резултати од изборите, објави денес Министерството за внатрешни работи на Габон. Тој освоил 90,35% од гласовите на избирачите.

Најсилниот противкандидат на Нгема, Ален Клод Били Би Нзе, кој беше премиер на Габон во времето на претседателот Али Бонго и за време на државниот удар, добил 3,02% од гласовите, пренесе Ројтерс.

Во Габон во саботата се одржаа првите претседателски избори по воениот удар во 2023 година, кој го предводеше токму Брис Клотр Олигија Нгема. По пучот, тој ја извршуваше функцијата привремен претседател на државата.

Извор: ТАНЈУГ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни