Бреговиќ и Кустурица се кумови, но не разговараат 30 години

Поради несогласувања во српската кинематографија, се раскинуваа кумства и пријателствата, беа одбивани улоги, а некои колеги не зборуваат со децении. За врската на Горан Бреговиќ и Емир Кустурица се пишуваше многу – иако се кумови, 30 години не зборувале, а неколку пати и јавно се степале.

Познато е дека двајцата соработувале на снимање филмови, а Брега компонирал музика за филмовите на Емир Кустурица, но соработката била прекината.

Што се однесува до мене, Брега е крајот на приказната. Изгубивме секаков контакт кога ме изневери за саундтракот на филмот „Arizona drim“. Му платив да напише музика, а тој ми подметна корзиканска, еврејска песна. Така заработи кај мене. Ме посрамоти и кај Иги Поп – објасни Кустурица во една прилика.

И покрај тоа, Брега имаше само добри зборови за Кустурица, откривајќи дека не може да каже ништо лошо за човекот кој му бил кум на свадбата.

„Кога Куста ме плука, понекогаш може да биде и духовит. Му посакувам добро. Не знам дали ми посакува добро, но јас му посакувам добро. Тој беше кум на мојата свадба и не можам да се доведам во ситуацција да кажам во јавноста нешто лошо за кумот, иако можам тоа да го направам и подобро од него“, изјави Бреговиќ за Недељник.

„Нас светот нема да не памети по тоа кој нешто рекол. Ќе останеме запаметени по филмовите што ги режираше и музиката што ја снимив. А кој што кажал, не трае ни до тоа попладне, а можеби еден ден и да зажали. Навистина направивме три добри филмови кои елегантно и убаво ја обележуваат оваа кинематографија. Посакувам сега да направи добар филм. Претпоставувам дека и тие што не го сакаат, очекуваат тоа да биде добар филм. Затоа што сите би сакале тој конечно да сними добар филм“, рече Бреговиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни