Бившиот Бонд има фаворит за новиот агент 007

Иако Даниел Крег не кажал многу на оваа тема, Пирс Броснан знае кој би можел да ја преземе улогата на новиот Џејмс Бонд во франшизата за агентот 007.

Кога бил прашан за шпекулациите дека Арон Тејлор-Джонсон е во игра за новиот Бонд, Пирс Броснан имал само пофалби за 34-годишниот актер.

„Мислам дека би бил многу добар. Му дадов улога во еден од филмовите кои ги снимав одамна, наречен ‘Најдобра ноќ’, и всушност ја одигра најдобро“, рекол Броснан за Yahoo Entertainment.

Во тој филм, Броснан и Сузан Сарандон ја глумеле Алeн и Грејс Брјуер, чие синче Бенет (Тејлор-Джонсон) загинува во сообраќајна несреќа.

Месец дена подоцна, на нивната врата доаѓа неговата девојка Роуз (Кери Малиган), која чека негово дете.

„Тој младич дојде на сетот и го презеде исклучиво, исполнувајќи го со страст и енергија. Така што, ако сака тоа, и ако ја добие улогата, ќе биде одличен“, додал Броснан.

Пирс Броснан ја толкувал улогата на Џејмс Бонд во филмовите „Златно око“, „Светот не е доволен“ и „Умри втор пат“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни