Според соопштението на ректорот Владaн Ѓокиќ, Универзитетот во Белград веќе осум години по ред е меѓу најдобрите 1,9 % високообразовни институции во светот.
CWUR листата го оценува квалитетот на образованието, вработеноста на дипломците, квалитетот на академскиот кадар и истражувачкиот учинок – користејќи објективни критериуми, без влијание од самите универзитети, што ја прави една од најрелевантните глобални ранг-листи.
На врвот оваа година се наоѓаат:
- Харвард
- Масачусетс (MIT)
- Станфорд
- Кембриџ
- Оксфорд
– осум од првите десет универзитети се од САД, два се од Велика Британија.
Во рамки на регионот, Универзитетот во Белград е убедливо најдобро рангиран:
- Универзитетот во Љубљана – 440. место
- Универзитетот во Будимпешта – 508.
- Загрепскиот универзитет – 516.
- Универзитетот во Нови Сад – 1121.
- Универзитетот во Крагуевац – 1560.
- Универзитетот во Ниш – 1812.
- Гордост за регионот и поттик за вложување во квалитетно образование!