Белградскиот универзитет меѓу 400-те најдобри во светот!

Универзитетот во Белград се најде на 387. место од вкупно 21.462 рангирани универзитети ширум светот, според најновата листа на Global 2000 објавена од Центарот за светско рангирање на универзитети (CWUR).

Според соопштението на ректорот Владaн Ѓокиќ, Универзитетот во Белград веќе осум години по ред е меѓу најдобрите 1,9 % високообразовни институции во светот.

CWUR листата го оценува квалитетот на образованието, вработеноста на дипломците, квалитетот на академскиот кадар и истражувачкиот учинок – користејќи објективни критериуми, без влијание од самите универзитети, што ја прави една од најрелевантните глобални ранг-листи.

На врвот оваа година се наоѓаат:

  1. Харвард
  2. Масачусетс (MIT)
  3. Станфорд
  4. Кембриџ
  5. Оксфорд
    – осум од првите десет универзитети се од САД, два се од Велика Британија.

Во рамки на регионот, Универзитетот во Белград е убедливо најдобро рангиран:

  • Универзитетот во Љубљана – 440. место
  • Универзитетот во Будимпешта – 508.
  • Загрепскиот универзитет – 516.
  • Универзитетот во Нови Сад – 1121.
  • Универзитетот во Крагуевац – 1560.
  • Универзитетот во Ниш – 1812.
  • Гордост за регионот и поттик за вложување во квалитетно образование!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни