Бангладеш се бори со најлошата епидемија на денга треска во последните неколку години, со повеќе од 400 смртни случаи меѓу заболените, а високите температури на воздухот и продолжената сезона на мусонски дождови ја погодуваат ширењето на инфекцијата, поради што здравствениот систем тешко успева да ја контролира ситуацијата, особено во урбаните подрачја, пренесоа денеска западните медиуми.
Според последните официјални податоци, во текот на 2024 година најмалку 407 лица починале од компликации поврзани со денга треска, додека 78.595 пациенти биле примени во болници низ целата земја, пренесува Ројтерс.
До средината на ноември, 4.173 пациенти биле на лекување, од кои 1.835 во Дака, главниот град, а 2.338 во други делови на земјата.