Авиокомпанијата Рајанер ќе го откаже нарачаниот број авиони од Боинг поради царините на Трамп

Генералниот директор на Рајанер и претходно ја спомна можноста компанијата да набавува авиони од Комак, доколку тие понудат пониски цени од Боинг или Ербас.

Ирската авиокомпанија Рајанер размислува да ги откаже нарачките на авиони од американската компанија Боинг и да премине на алтернативни производители, доколку царините наметнати од САД значително ја зголемат цената на авионите, изјави генералниот директор на компанијата Мајкл О’Лири.

О’Лири го наведува тоа во писмо до кое имал увид Блумберг, како одговор на предупредување од американскиот конгресмен Раджа Кришнамурти, демократ од Илиноис, кој смета дека американските и европските авиокомпании не треба да купуваат авиони од кинескиот производител Комак поради безбедносни ризици.

Генералниот директор на Рајанер и претходно ја спомна можноста компанијата да набавува авиони од Комак, доколку тие понудат пониски цени од Боинг или Ербас.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни