Асанж во Рим: Основачот на Викиликс со сопругата на испраќањето на папата Франциск

Папата Франциск се сретна со Стела Асанж во 2023 година, за време на 14-месечната правна битка на Асанж против екстрадиција во САД од Велика Британија. Таа тогаш изјави дека папата му испратил писмо во март 2021 година.

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, денеска се појави заедно со својата сопруга Стела на испраќањето на папата Франциск во Ватикан. Како што пренесува британскиот Телеграф, Асанж, активист и новинар, бил присутен на Плоштадот Свети Петар со сопругата и нивните две деца.

Папата Франциск се сретна со Стела Асанж во 2023 година, за време на 14-месечната правна битка на Асанж против екстрадиција во САД од Велика Британија. Таа тогаш изјави дека папата му испратил писмо во март 2021 година.

„Ни пружи голема утеха и бескрајно сме му благодарни,“ изјави Стела.

Од 2010 година, Викиликс објавуваше доверливи документи, меѓу кои и материјали добиени од свиркачката Челси Менинг, за американски воени операции во Ирак и Авганистан.

САД го обвинија Асанж за повеќе кривични дела, но неговите поддржувачи го сметаат за храбар новинар кој ги разоткри воените злосторства.

Асанж помина седум години во азил во еквадорската амбасада во Лондон, а во 2019 беше уапсен и започна постапка за екстрадиција. Во јуни 2024 година, беше ослободен по договор со американското Министерство за правда и се врати во родната Австралија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни