Art Basel 2025 укажува на криза на пазарот на уметноста

Најголемиот светски саем на уметност, Art Basel, оваа недела се одржува во Швајцарија, а учесниците предупредуваат на забележителен пад на довербата и промени во динамиката на пазарот.

Глобалните кризи, според галеристите и колекционерите, создаваат потиштено расположение. Многу галерии изложуваат поевтини дела, бидејќи врвот на уметничкиот пазар бележи пад. Изложени се дела од над 4.000 уметници, вклучително и слика на Пабло Пикасо вредна над 30 милиони долари, која ја претставува галеријата Pace од САД.

Според извештајот на UBS, глобалната продажба на уметнички дела во 2024 година е намалена за 12%, втор пад по ред во изминатите две години. Најостар пад има кај делата продадени за над 10 милиони долари – токму тој најексклузивен сегмент бележи пад од 39%.

„Галериите носат дела во сосема различен ценовен опсег од порано,“ изјави Винченцо де Белис, уметнички директор на Art Basel. „Се менуваат очекувањата – и кај колекционерите и кај самите галерии.“

Минатата година, четири дела беа продадени во првите два дена по цени од 10 до 20 милиони долари. Оваа година – само едно дело достигна сума од околу 13 до 17 милиони долари.

„Расположението е многу пригушено,“ вели Гаурав Мадхок од Лондон, редовен посетител на саемот веќе 12 години. „Чувствувате дека недостига онаа енергија и возбуда што порано беше препознатлива за Art Basel.“

Интересно е што, и покрај овие податоци, извештајот на UBS покажува раст на приватното богатство од 4.6% во 2024 година, со повеќе од 1.000 нови милионери секојдневно само во САД. Но, на саемот речиси и да нема американски колекционери.

„Голем дел од посетителите се европски кустоси и експерти, но американските купувачи и претставници на музеи оваа година се многу малку,“ изјави Џорџија Лури, директорка на галеријата Pippy Houldsworth.

Art Basel се одржува од 1970 година и важи за клучен индикатор за здравјето на глобалниот пазар на уметноста. Иако оваа година има помал сјај, сепак останува важно место за следење на новите тенденции и пазарни движења.Tools

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни